//ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД МАСЛОДАЈНА РЕПКА 1000мл

ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД МАСЛОДАЈНА РЕПКА 1000мл

99 ден

Out of stock

Out of stock

Опис

Маслото од репка или канола масло доаѓа од црното семе од репка растението, Brassica napus, кое произведува сончево жолти цветови на пролет. Ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти, поради неговите хранливи состојќи и нутритивни вредности. Со големата содржина на витамин Е, Омега-3, 6 и 9 тоа е одличен извор на есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, бидејќи сам не може да ги произведе. Витаминот Е ги штити нашите клетки и е одличен антиоксидант. Ова масло има поголема количина на Омега 3 отколку било кое друго масло. Омега-3 го намалува нивото на холестерол, помага при воспаленија и игра голема улога за подобрување на функцијата и развојот на мозокот. Маслото од репка содржи Омега-6 кој помага во намалување на нивото на холестерол во крвта, во одржувањето на здрава коса, нокти и кожа, како и во подобрување на имунолошкиот систем. Исто така содржи Омега-9 кој помага во развојот на мозокот кај неродените деца и има клучна улога во подобрување на имунитетот и како превенција за канцер. Собери Научно е докажано дека рамнотежата на Омега 3, 6 и 9 масните киселини има многу здраствени придобивки за човечкото тело, како, намалување на нивото на холестерол и на ризикот од срцеви болести. Ова масло како и сончогледовото погодни се за секаков вид на готвење, како пржење, печење итн.,а тоа е поради високата точка на загревање која ја имаат.

Карактеристики и употреба:

• Кулинарство;

• Превенција против канцер;

• Го зајакнуваат имунолошкиот систем;

• Козметички производи;

• Го обезбедуваат телото со енергија.

Прегледи

Се уште нема прегледи.

Бидете први кои ќе ги прегледате“ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД МАСЛОДАЈНА РЕПКА 1000мл”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *