//ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД ТИКВА 250мл 100%

ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД ТИКВА 250мл 100%

325 ден

Опис

Се смета дека тиквите потекнуваат од Централна Америка. Семиња на слични растенија се пронајдени во Мексико, датирајќи од 7000-5500 год. п.н.е. Индијанците со векови ги користеле тиквите како храна и лек, но исто така кората ја сушеле и ја користеле за правење на душеци. Раните доселеници ја јаделе тиквата како главен оброк, ја полнеле со млако, мед и зачини, потоа ја печеле во жешка пепел и ова се смета за потекло на питата со тиква. Откако се откриени здраствените придобивки на тиквата, започнала ерата на производство на масло од тиквини семки. Маслото од тиквини семки е одличен избор за да го подобрите вашето здравје и вкусот на вашата храна. Ова масло се користело како кралски лек во многу периоди во историјата на човештвото. Денес современите медицински практики го вклучуваат ова масло како неопходно во исхраната. За да се добие ладно цедено масло, семките се отстрануваат од тиквата, главно рачно, потоа се миjат и се оставаат да се исушат, а на крај кога сето тоа ќе се заврши започнува постапката на ладно цедење. Маслото кое се добива е со темно зелена до црна боја и како такво се пакува во стаклени шишиња, кои се препорачува да бидат со темно стакло. Научно е докажано дека маслото од тиквини семки го регулира нивото на холестеролот, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Тоа содржи есенцијални масни киселини, Омега-6 и Омега-9, кои го нормализираат нивото на холестеролот, го намалуваат крвниот притисок и ја спречуваат појавата на хипертензија. Исто така содржи витамини Е и К кои му помагаат на телото да ја зголеми отпорноста кој слободните радикали и проблемите со крварење. Ова масло е одличен извор на антиоксидантот витамин Е како и одличен извор на Б-комплексгрупатана витамини: тиамин, рибофлавин,ниацин, пантотенска киселина, витамин Б-6 (пиридоксин)и фолна киселина. Овие витамини работат како ко-фактори за различни ензими за време на клеточниот метаболизам во човечкото тело. Покрај тоа содржи и есенцијални минераликакобакар, манган,калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен. Имајќи ги во предвид сите хранливи вредности на ова масло, тоа е одлично за здравјето и негата на кожата, како и одржувањето на нормална клеточна структура. Со моќните антиоксиданти како и есенцијалните масни киселини можеме да заклучиме дека користењето на масло од тиквини семки помага за целокупното здравје на човекот. Карактеристики и употреба:

• Во кулинарството

• Помага во подобрување нафункцијата на бубрезите;

• Помагапротив опаѓање на косата;

• Помага во спречување наостеопорозата;

• Занега на кожата;

• Дијабетес;

• Зголемување напроизводството на млеко кај трудниците.

Прегледи

Се уште нема прегледи.

Бидете први кои ќе ги прегледате“ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД ТИКВА 250мл 100%”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *