САЛАТНО МАСЛО 1000мл

230.00 ден

Опис

Ова масло е комбинација на ладно цедено сончогледово масло (70%) и екстра девственото маслиново масло (30%). Фила ладно цеденото сончогледово масло е добиено од најквалитетни семиња. При процесот на ладно цедење температурата не надминува повеќе од 45°C, со што во ова масло се задржани сите природно присутни и високовредни состојки. Тоа е богато со незаситени масни киселини и со витамин Е, што не се отстранува од маслото со постапката на ладно цедење. Маслиновото масло е природен производ добиен од прво пресување на плодот од маслинката, во која се сочувани сите биолошко вредни и хранливи состојки. Ова масло е од најпознатата област во Грција за производство на врвен квалитет на маслинки- Каламата. Маслото е врвен зачин, им дава деликатесен вкус на сите видови јадења и салати. Oваа мешавина од масла може да се посипе над свежо приготвените јадења непосредно пред сервирање. Маслото е доста стабилно, па затоа има долг рок на траење. Не содржи конзерванси ниту други адитиви.

Прегледи

Се уште нема прегледи.

Бидете први кои ќе ги прегледате“САЛАТНО МАСЛО 1000мл”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *